Прочитај пријател, запознај книга!

- Advertisement -

Со огромна чест и задоволство, Rabotno.mk во соработка со професори од Економски, Правен, Филолошки и Филозофски факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје, македонскиот старт ап резервирај.мк и Центарот за дизајн и иновации „Јавна Соба“ Ве повикуваме да се вклучите во нашата хуманитарна акција “Прочитај пријател, запознај книга„.

Имаме голем број на книги кои сакаме да ги споделиме со Вас. По тој повод, организираме настан во Центар за дизајн и иновации „Јавна соба“ на 8 Октомври 2017 (недела) во 17 часот. Се што треба да направите е да дојдете на настанот (може да резервирате маса тука), да ја одберете книгата која Ви се допаѓа и да донесете насмевка, книга, училишен прибор или спортска облека. Работите кои ќе ги донесете ќе бидат донирани во Домот за деца без родителска грижа „11 Октомври“ – Скопје.

- Advertisement -

За добра забава ќе се погрижат добро познатите скопски бендови Chill Play, на кои исто така сакаме да им се заблагодариме за нивната несебична донација, Bona Dea и Blackout.

Најважното да не го запоравиме, љубовта кон книгата ќе ни донесе нови пријателства.

Сподели!
- Advertisement -