Парк Хотел и Спа, кој се наоѓа во Скопје, е овогодишен добитник на наградата „Бренд Лидер“, која ја доделува South East Europe Tourism за 2017 година, а истата беше доделена во Белград. Наградата се темели на сет критериуми како што се иновативност, висок степен на препознатливост, позиционирање и автентичност.
Оваа награда се доделува веќе 13 години со цел афирмирање на компании и институции кои даваат свој придонес за подигнувањето на стандардите во регионот на југоисточна Европа.
Пред само една година, во септември 2016 година, беше отворен Парк Хотел и Спа, ултрамодерен хотел со 5 звезди кој на своите гости им нуди посебно и уникатно искуство за време на нивниот престој.
Сопствениците ја преставија својата визија за оваа инвестиција за време на церемонијата на отворањето, за која тие веруваат дека ќе донесе нови стандарди во хотелскиот менаџмент и бизнисот во Македонија и на Балканот.