Градските власти на босанско Требиње на учениците им даваат џепарлак за да останат на село

- Advertisement -

Градските власти на босанскиот град Требиње смислија оригинален начин за да задржат што повеќе жители во селските средини. Тие на секој ученик му даваат по 125 марки (околу 64 евра) ако остане на село. Оваа необична иницијатива на градоначалникот Лука Петровиќ се применува од 1 септмеври и е само првата од низата мерки за оживување на селата во крајот на Требиње.

„Не дозволуваме да исчезнат селата. Без јаки села нема јаки градови. Не се сложувам со тие што велат дека залудно фрламе пари. Без тоа не опстанок на селото. Родителите поради децата се селат во градовите, одат под кирија… Секако дека со тие пари ги колебаме да останат во својот дом каде што не плаќаат за вода, струја, трошат минимално пари, можат да одгледуваат овошје и зеленчук. Ако овие пари не се доволни, џепарлакот ќе го покачиме на 200 марки (околу 102 евра)“ вели Петровиќ.

- Advertisement -

Во иднина се повеќе ќе се фокусираат на мајките со три и повеќе деца, на невработените, за поттикнување на наталитетот и младите брачни парови итн. Требиње за многумина стана привлечно не само како регионален центар на источна БиХ туку и како место со големи туристички атракции. Градоначалникот на Требиње открива дека речиси секојдневно му се јавуваат инвеститори заинтересирани за градење хотели, одморалишта, терени за гол, казина и сл.

(Bizlife)

Сподели!
- Advertisement -