Илон Маск го претстави новиот прототип на неговото вселенско летало за Марс

- Advertisement -

Извршниот директор на ЅpaceX, Илон Маск, објави нови детали за вселенското летало Starship Mark 1, за кое вели дека ќе успее да превезе огромен број луѓе и товар до месечината или до Марс. Вселенското летало може да лета и до други места од Сончевиот систем и ќе може да се користи повеќе пати, истакна Маск додека во Тексаs во живо го претставуваше своето летало.
„Мислам дека ова е најинспиративното нешто што сум го видел досега“ изјави Маск за новиот прототип на SpaceX. Компанијата на Twitter објави дека на подолги меѓупланетарни патувања во догледно време ќе може да летаат до стотина луѓе. Способноста на Starship да превезува луѓе и товар би можела да го олесни потенцијалното поставување бази на Месечината, како и изградбата на градови на Марс.
Маск претходно зборуваше за неговите планови за населување на Марс, каде што сака да одвезе милион луѓе. Според плановите што ги претстави уште во 2016 година, луѓето на Марс ќе можат да патуваат веќе од 2025 година. Американската вселенска агенција НАСА, пак, смета дека луѓето најрано ќе стигнат на Марс околу 2030 година.

Сподели!
- Advertisement -