ЗК Пелагонија е новиот сопственик на Здравје Радово

- Advertisement -

Официјално Земјоделскиот комбинат Пелагонија од Битола стана целосен сопственик на млекарницата Здравје Радово

Продавачи на уделите, како што се наведува во одлуката, се: ГТД Бетон од Штип што поседува 49% од основната главнина на Здравје Радово за што ќе добие 6.200.000 евра, Орка Холдинг чиј удел е 34% од главнината на млекарата и ќе добие 4.286.667 евра и Цветан Панделески со удел од 17% за кои ќе му бидат исплатени 2.143.333 евра.

Вкупната купопродажна цена што Пелагонија ќе ја плати за да стекне 100% од основната главнина на Здравје Радово е 12.630.000 евра.

- Advertisement -

Вредноста на одобрената зделка претставува 19,97% од активата на имотот на ЗК Пелагонија определена во последните ревидирани финансиски извештаи на компанијата.

 

Сподели!
- Advertisement -