Пакомак контејнерите за селектирање на стаклен отпад отсега и во Штип

- Advertisement -

Пакомак во соработка со јавното комунално претпријатие „Исар“ од Штип постави десет контејнери за примарна селекција на стаклен отпад. Контејнерите, кои се со капацитет од 1,5 метри кубни и се наменети исклучиво за собирање стакло, се поставени во неколку населби во општината кои се поголеми.

„Ја прошируваме дејноста со селекција на стакло и апелираме граѓаните непотребните шишиња, чаши тегли и слично да ги фрлаат во овој контејнер“, изјави рече Димитар Белиќ, раководител на фабриката за селекција на отпад.

- Advertisement -

Со оваа мерка, Штип станува првата општина во источниот регион каде освен пластика ќе се селектира и стакло. Станува збор за инвестиција вредна 3.500 евра.

Инаку, општина Штип дневно произведува 250 до 280 метри кубни комунален отпад. Од него, околу 80-90 отпаѓаат на пластика, исто толку на комунален отпад, 70-80 метри кубни на хартија, а околу 1 метар кубен на стакло.

Сподели!
- Advertisement -