Од 70-тите години на минатиот век Силиконската Долина е место на иновации и ветувања, каде што одредени индивидуалци со претприемачки дух можат да ги реализираат своите визии иако почнале во гаражите на своите родители. Apple и Microsoft се некои од првите компании со скромен почеток. Оттогаш гиганти како Google и Amazon достигнуваат неверојатни успеси.
Денес спартапите имаат поголеми тешкотии на патот до успех. Сепак, не е невозможно да се успее. Бизнис лидерите мора брзо да ги идентификуваат новите можности и да следат неколку стратегии да размислуваат и да растат надвор од границите. Можно е да се креира успешна приказна како од Силиконската Долина, иако од Facebook наваму нема таков пример.
Дури и да имате одлична идеја, вашиот стартап нема да привлече многу внимание доколку постојано ве споредуваат со Facebook, Airbnb и Venmo. Веројатно ќе дојдете во искушение да ја прифатите првата понуда за инвестирање, но доколку ви требаат само пари, подобро отидете во банка. Почекајте инвеститор кој не очекува од вас веднаш да станете втор Apple. Барањето инвестиции не е единственото борбено поле каде си конкуреирате со други компании. Тоа ќе се случува и кога ќе барате вработени. Колку и да имате привлечна култура во очите на дипломците, вашата плата ќе ги одврати. За да привлечете таленти мора да допрете до тие таленти порано и на покреативен начин преку хакатони и други натпревари.
Без оглед на тоа на кој пазар сакате да се етаблирате, тешко ќе биде да конкурирате на големите компании. Еве неколку стратегии како да си помогнете.
1. Бидете циции. Полесно е и поевтино да се завршат некои работи доколку знаете некои финти од „уличниот“ живот. На пример, купете половен мебел и опрема за канцелариите. Секако дека не можете секогаш да избегнувате трошоци, но потрудете се да ги разгледате сите опции пред да донесете голема одлука. Речиси 30% од бизнисите снемуваат пари пред да почнат да генерираат доволно приходи. Не дозволувајте и вие да спаднете во таа група.
2. Барајте локални таленти. Со малку среќа ќе можете да најдете работници кои живеат во областа каде што сте отвориле канцеларија и не сакаат да патуваат до некое далечно работно место и за највисоката плата. Не секој што има познавање од техничките индустрии сака да работи во Силиконската Долина само затоа што повеќе се плаќа. Многумина навистина си го сакаат соседството и со задоволство би прифатиле поција за која се квалификувани која се наоѓа во нивна близина. Најдете ги таквите тaленти преку реклами и бесплатни медиумски постови. Можете да направите и нешто покреативно и да постигнете подобри резултати.
3. Слушајте ги вработените. Како реагирате кога некој вработен ви дојде со одлична идеја која не е во согласност со мисијата на компанијата? Промените се тешки, но доколку можете да ја видите долгорочната вредност во една контроверзна идеја, можеби е време да поставите нов курс. Способноста да се слуша значи и правење ризични промени на лидерството.
(Entrepreneur)