Aegean воведува лет на линија Атина – Скопје од 2018

- Advertisement -

За време на презентацијата на својата нова проширена програма за 2018 година, Aegean ги потврди своите цели кои вклучуваат натамошно јакнење на својата позиција на европскиот пазар.

Новата програма на компанијата вклучува мрежа од 153 дестинации, во вкупно 44 земји.

- Advertisement -

Мрежата за летови на Aegean за 2018 година вклучува 18 нови линии, односно 11 нови дестинации од атинската база од каде што ќе сообраќа и новата линија до Скопје. Останатите нови најавени дестинации на компанијата се Торино, Палермо, Болоња и Ламеција Терме во Италија, Малага во Шпанија, Базел во Швајцарија, Загреб и Задар во Хрватска, Вилнус во Литванија и Клуж-Напока во Романија.

(Aegean Air)

Сподели!
- Advertisement -