Google Pixel Buds се нови Bluetooth слушалки кои освен за слушање музика и воспоставување телефонски повици нуди и дополнителни можности. Пред некој ден беа претставени на конференцијата на Google во Сан Франциско. ![]()
Спојувањето на услугата вистуелен асистен Google Assistant, новите Pixel Buds слушалки можат да извешруваат автоматски превод на 40 светски јазици. Слушалките ги „слушаат“ зборовите изговорени на странски јазик и ги преведуваат, а преводот во звучен облик се пушта во ушите на корисникот, што значи дека таквиот облик на разговор може моментално да се води. ![]()
Цената им е 159 долари, се полнат во прилагоденa кутија, а батеријата овозможува 7 дена користење. Треба да почнат да се испорачуваат за шест до седум недели.
(Bizlife)



