Koba Yagi Toys – играчки за деца кои го менуваат светот

- Advertisement -

Koba Yagi Toys е социјално претпријатие од Србија кое создава играчки за емоционален развој на децата и им ја развива креативноста, а во производството на истите се вклучени маргинализирани групи како невработени жени кои не се конкурентни на пазарот, млади со попреченост и бегалци.

Во време кога се поставуваат многу прашања за стандардните начини за воспитување, одгледување и образување на децата, од првите вакцини до застарена училишна програма, една мајка по име Тијана Петровиќ одлучила да преземе нешто. Нејзината иницијатива започнала многу порано, мотивирана од желбата да се подобри односот помеѓу родителите и децата, а во тој процес да се вклучат тешко вработливите групи на луѓе. Така, од една идеја и преку работата со соработници, настанал еден нов свет на играчки кои ги „јадат“ стравовите, раскажуваат приказни и ги охрабруваат децата сами или со помош на нивните родители да се впуштат во авантура.

- Advertisement -

Приказната започна во моментот кога станав мајка. Отсекогаш ме водела идејата дека ќе направам нешто во мојот живот што ќе го промени светот и ќе поттикне позитивни промени, па се одлучив за медиумска кариера, верувајќи дека движењето низ културата и епицентарот на разни настани ќе ми даде можност да го сторам тоа. Се покажа дека работите не се баш такви, а моето прво дете ме потсети колку времето во кое живееме е невообичаено, колку се менува начинот на одгледување, а концептите на кои сме навикнати брзо престануваат да важат. Важно е како родители да ги подучуваме нашите деца и да ги подготвуваме за живот од мала возраст“.

- Advertisement -

– Какви беа почетоците на Koba Yagi Toys?

 Сфатив дека недостасуваат играчки кои развиваат врски меѓу детето и родителот особено кога се работи за домашно производство. Добив желба да учам и да растам заедно со своето дете и фамилија. Така, првпат се сретнав со концептот на социјално претприемништво поради што многу истражував, се распрашував и разговарав со луѓе. Ова беше шанса за да направам нешто добро и племенито и во 2013 година официјално започнав да ја развивам идејата за играчките

- Advertisement -

Започнавме да експериментираме со неколку пријателки, размислувавме за начини како да создадеме едукативна играчка. Тимот денес се состои од две личности, јас и партнерот кој се вклучи од минатата година како инвеститор. Во духот на нашата мисија, започнавме да нудиме работна пракса на млади луѓе кои на овој начин сакаме да ги обучиме за работа и дополнително да вклучиме некој од нив во нашиот тим.

Преку Smart колектив кој пружа поддршка за претприемачите кои сакаат да се занимаваат со општествено корисна работа, како и поддршката од Здружението на бизнис жени во Србија и Impact Hub, научив како се пишува еден проект, бизнис план и стекнав контакти и перцепција за тоа како претприемништвото функционира.

– Како е организирано производството на играчките?

Целото текстилно производство на играчките се одвива во рециклирачкиот центар во Ужице. Сета собрана облека од Србија се селектира – дел оди како донација за оние кои не можат да си дозволат да купат нова облека, а дел се рециклира за нашето производство. Од останатиот дел го одбираме само памукот кој се пере, чисти, преработува и дезинфицира, па заминува на подготовка, кроење и шиење.

Во овој центар работат жени кои или се неконкурентни за пазарот или останале без работа и имаат потешкотии да се вработат.

Друга група на луѓе кои работат за нас се млади со потешкотии во развојот. Тие ја подготвуваат амбалажата. Ова значи како за нас, така и за нив, бидејќи се вработени, заработуваат за себе, добро се чувствуваат и се дружат.

Третиот сегмент од производството се однесува на дрвените делови за што соработуваме со мала занаетчиска фирма од Белград создадена од бегалци. Сакаме и понатаму да вклучуваме мали производители бидејќи ним им значи соработката, а нам ни треба некој кој е посветен.

– Каков асортиман нуди Koba Yagi Toys?

Тијана: Во понудата имаме Enimalz кукли за раскажување приказни кои ги користиме со деца од претшколска возраст во склоп на едукативната програма за социо-економска писменост „Светот во нас“. Потоа имаме Monsterz кукли кои „јадат“ стравови односно кукли кои наместо уста имаат патент во кој децата можат да ставаат ливчиња на кои ги напишале своите стравови. Детските стравови се многу и често големи што на некои деца им е навистина тешко да се соочат со нив и да разговараат дури и со своите родители.

Постојат и „направи сам“ сетови, како што е сетот Праисториска авантура. Кутијата се расклопува и станува сцена во која се создава приказна за животот на диносаурусите. Доаѓа со упатство како да се изгради праисториска сцена, како да се направат хартиени модели на диносауруси итн. Некои од сетовите дури ги учат децата на стари занаети но прилагодени на современото дете.

– Кои се вашите идни планови ?

Тијана: Koba Yagi се играчки со мисија и сакаме така да остане. Едукацијата и социјалната ангажираност ни се примарни, па би сакале да вклучиме повеќе произведувачи, педагози, родители. Развиваме проект „Училиште за суперхерои“ каде ќе може да учествува буквално секое дете и секое дете да стане свесно за своите силни страни, креативноста, одговорноста и моќта која веќе ја имаат преку едукативните и уметничките работилници.

Добивме понуда за дистрибуција на играчките во Романија и Унгарија, па ќе се потрудиме да остваруваме соработки и во тој поглед.

(Moja Firma)

Сподели!
- Advertisement -