Шведска отвори трговски центар само за рециклирани производи

- Advertisement -

Во шведскиот град Ескилстуна, на 100 километри од Стокхолм, луѓето се туркаат за да влезат во трговскиот центар ReTuna Återbruksgalleria, каде што сите производи кои се продаваат се поправени или рециклирани. ТРговскиот центар постои од 2015 година и се разликува од продажбата на користени или рециклирани производи од сопствениот двор по тоа што има 14 продавници, ресторан, дел за изложување, простории за конферецнии, па дури и колеџ каде што се учи за рециклирањето.

Персоналот на трговскиот центар ги прима продуктите кои се носат, ги дели рециклираните од тие што треба да се поправаат или малку да се подноват. Предметите потоа се предаваат во работилници за реновирање и се продаваат во специјални продавници каде што може да се најде се: од мебел и градежни материјали до облека.

- Advertisement -

Купувачите во ReTuna Återbruksgalleria имаат причина да се задоволни со тоа што го купиле – тие на тој начин пеидонесуваат за циркуларната економија, односно алтернативниот индустриски модел кој ги поттикнува луѓето да се снаоѓаат со помалку производи бидејќи Земјините ресурси се намалуваат. Тоа е концепт за кој се залагаат од Светскиот економски форум. Според нив, циркуларноста може да биде двигател на иновации и да креира вредности во економијата од иднинат.

Се очекува одредени индустрии први да го прифатат овој тренд, како што се индустријата за пулпа и за хартија, поради глобалната свест за тоа колку се скапоцени дрвјата за планетата. Други индустрии се очекува да го следат примерот како што се подобрува снабдувачката на синџирот на циркуларната економија поради растот на цените на суровините и падот на обратните произзводни процеси. Од материјалите кои ќе играат голема улога во циркуларната економија на прво место е пластиката, која истовремено е предизвик и најголема можност затоа што многу работи што ги користиме денес се направени од пластика.

- Advertisement -

(World Economic Forum)

Сподели!
- Advertisement -