Утре во Скопје финале на Robomac 2017, натпревар по роботика и автоматика

- Advertisement -

Финалниот натпревар на осмиот Robomac – 2017 – натпревар по роботика и автоматика, каде дваесет и шест екипи ќе ги „одмерат“ силите на своите изработени креативни технички решенија

Натпреварот ќе се одржи утре, 14.10.2017 година (сабота) во Домот на АРМ со почеток во 18 часот.

Околу 70 учесници, студенти и средношколци, ќе се натпреваруваат во шест различни категории:  Humanoid, Maze, Sumo, AI Football (Artificial Intelligence), Sphero и Line Follower. Станува збор за студенти од ФЕИТ, ФИНКИ, Машински факултет, Јахја Ќемал колеџот и Микросам академијата.

- Advertisement -

Организатори на Robomac 2017 се Македонската секција на Институтот на инженерите по електротехника и електроника (IEEE) и студентскиот Парламент на ФЕИТ, со поддршка на Факултетот за електротехника и информациски технологи и  Униврзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Настанот е отворен за сите посетители.

Сподели!
- Advertisement -