Вчера по прв пат биткоин ја надмина магичната граница на врдноста од 5.000 долари, што предизвика нов бран прилично жестоки расправи за најпопуларната криптовалута на денешницата. Додека, од една страна, секој ден сме сведоци на прифаќање на биткоин како средство за плаќање во многу земји, постои и друга страна која трврди дека сетоа тоа е една голема измама. Главно станува збор за лични проценки, но фактите велта дека биткоин незапирливо расте.
Ако ја анализираме само 2017 година, вредноста на биткоин порасна за повеќе од 5 пати, што е веројатно доволен доказ за моќта на криптовалутата. Нема никаков сомнеж дека многумина кои можат да гледаат во иднината заработија вистинско богатство. Ретко кој можеше да предвиди дека биткоин ќе достигне вредност од 5.000 долари, а сега сосема легитимно се поставува прашањето каде е границата на оваа криптовалута? Иако се пјавија некои нови дигитални валути, многумина тврдат дека биткоин е мајка на сите валути и дека така и ќе остане.
Мајкл Новограц, познат и прознат инвеститор и берзански маестро, кој знае што зборува, смета дека биткоин и понатаму ќе расте и во текот на идните шест до десет месеци може да достигне вредност од дури 10.000 долари. Ако ова ви изгледа претерано, треба да знаете дека Новограц 10%-20% од своето богатство го има во криптовалути.
(Zimo)