Актуелни маркетинг трендови кои секој бизнис треба да ги знае

- Advertisement -

Макетингот како начин за пренесување на порака од продавачот до купувачот постојано се менува, денес најмногу под влијание на технологијата

Иако денес во дигиталниот маркетинг, нештата како електронска пошта и content marketing се сметаат како неопходни, полека се јавуваат и нови трендови кои многу бизниси ги препознаваат како одличен начин на претставување и ефективно обраќање до своите купувачи.

Добро е да се познаваат овие трендови бидејќи никогаш не можете да знаете кој од нив ќе претставува полн погодок за вашиот бизнис.

- Advertisement -

1 . Influencer Marketing 

- Advertisement -

Иако не е некој новитет, оваа форма на маркетинг веќе некое време успешно го држи тронот во светот на маркетинг стратегиите. Со проширувањето на блоговите, социјалните мрежи и останатите форми на присутност на Интернет, овој вид на маркетинг доби сосема нова димензија. Денес постојат огромен број на т.н. инфлуенсери (влијателни луѓе), блогери, јутјубери и останати локални познати луѓе со што бизнисите имаат голем избор кога се работи за пронаоѓање на заштитно лице.

Многу брендови се определуваат за influencer marketing не знаејќи дали тоа ќе им ги донесе посакуваните резултати, но треба да се знае дека во суштина ваквите кампањи се експериментални. Се проценува дека оваа форма на маркетинг ќе биде уште повеќе застапена, а со самото тоа и ќе еволуира. Еден начин да се намалат трошоците при користење на ваков маркетинг е започнување на микро-инфлуенсер кампања која таргетира помала, локална публика.

- Advertisement -

2. Видео блогови

Или како што се уште популарно познати, влогови, исто така не се новитет, но нивната популарност е во постојан раст особено со појавата на социјални мрежи како Snapchat и Instagram Stories преку кои влоговите станаа уште поважни како маркетинг аспект. Купувачите, генерално, сакаат видео содржини за што сведочат и вртоглавите бројки на прегледност на YouTube, особено од мобилен телефон.

Видеата се почовечен начин на поврзување со целната група, односно го овозможуваат она што останатите форми на содржини не можат – звук, слика, израз на лице, односно полесен начин на асоцирање на одредени вредности со брендот. Тоа помага во градењето на односите со купувачите, па резултатите се и подобри бидејќи влоговите привлекуваат повеќе внимание.

Влогот е моќен, а едноставен начин да се изгради однос со целната група поради тоа што ќе се користи за дополнително објаснување за начинот на користење на производот, одговарање на прашања, разговор за актуелна тема итн. Внимавајте да не го направените вашиот влог премногу корпоративен и формален, бидејќи ова сепак е начин на понеформално поврзување со купувачите.

3. Подкасти

Подкастите веќе земаат замав и во бизнис светот, а нудат можност да се поврзете со вашите потенцијални клиенти додека тие извршуваат некоја друга активност – патуваат од дома до работа, вежбаат, џогираат итн. Ова ги прави подкастите лесни за конзумирање бидејќи само се слушаат.

Особено се популарни во западните земји бидејќи не само што се користат за промовирање на производ или услуга, туку и како медиум за продажба. Внимавајте да се задржувате на теми кои се важни за купувачите, а не само за вас како бизнис.

Овие трендови можеби се доживуваат како новитети од оние компании кои се навикнати на конвенционалните начини на комуницирање, но факт е дека маркетингот денес функционира со трендови кои бизнисите мораат да ги следат доколку не сакаат да заостанат во однос на конкуренцијата.

Инфлуенсерите, влоговите и подкастите суштински не се нови нешта, само се нов начин да се каже она што отсекогаш се кажувало, само на побрз и поедноставен начин.

(Moja Firma)

Сподели!
- Advertisement -