Словенија ќе забрани нови возила на фосилни горива од 2030 година

- Advertisement -

Словенија ќе ја забрани регистрацијата на нови возила на фосилни горива од 2030 година натаму. Исто така, земјата објави нацрт стратегија за развој според која планира да го намали јавниот долг на 60% од БДП до 2030 година. Тоа е максимално ниво на долг кое е дозволено во ЕУ.

Од  2030 година натаму ќе биде дозволена само регистрација на возила кои емитуваат помалку од 50 грама јаглерод диоксид на километар, се вели во соопштението од владата и се додава дека само електричните и хибридните возила засега ги исполнуваат бараните критериуми.

- Advertisement -

Од  2025 година натаму ќе може да се регистрираат само возила кои испуштаат помалку од 100 грама јаглерод диоксид на километар, со што Словенија ќе ја намали емосијата на стакленички гасови за 9% од 2020 до 2030 година.

Владата на оваа мала земја од југоисточна Европа вели дека најмалку 17% од автомобилите во земјата ќе бидат елекрични или хибридни до 2030 година. Во моментот тие изнесуваат само 0,1% од вкупниот број возила.

- Advertisement -

Планираната забрана на возилата на бензин и дизел следува по слични потези на Велика Британија и Франција, кои слична цел си зададоа до 2040 година. Францускиот главен град, Париз, ќе ги забрани таквите автомобили до 2030 година.

(Reuters)

Сподели!
- Advertisement -