Nike направи конектиран дрес за новата сезона на NBA

- Advertisement -

Дали сте вистински фан ан спортот? Доколку сте, знаете дека не би пропуштиле ниеден натпревар, особено некој каде што игра вашиот омилен играч. За таквите како вас Nike го направи конектираниот дрес NikeConnect NBA jersey.

Кога фановите го носат дресот на омилениот играч тие можат да го активираат и да добиваат информации за играчот во текот на натпреварите и ексклузивни содржини во текот на целата сезона. Услугата NikeConnect прв пат беше најавена во јуни 2015 година, а официјално се лансира за сезоната 2017/2018 на NBA.

- Advertisement -

Кога еден фан ќе купи дрес, треба да ја отвори апликацијата за дресот и со телефонот да помине преку посебен дел на дресот. Потоа ќе може да добива содржини преку апликацијата како на пример, фотографии од пред натпревари, објавени содржини за играчот чиј дрес го носи, ексклузивни понуди во текот а натпреварите итн. Апликацијата NikeConnect е составена од три различни табови: тим, понуди и дрес. Во делот за понуди фановите добиваат ексклузивен пристап до билети, лиценцирани производи на NBА, Spotify плеј листи креирани од играчите и кабини за NBA 2K18.

Во табот за тимот фановите добиваат директни информации за тимот пред натпреварите. Се појавува и тајмер на кој се одбројува времето до наредната ексклузивна информација. За фановите кои не можат да ги гледаат целосните натпревари апликацијата NikeConnect во текот на натпреварите покажува резултати и финален резултат. Во табот се покажуваат и статистики за играчот во текот на целата сезона. Делот за дресот пак покажува колку пати фановите ја отвориле апликацијата во текот на денот кога има натпревар и колку награди добиле.

- Advertisement -

Со овој дрес Nike ги наградува фановите за тоа што верно ги следат тимовите. Ексклузивните содржини кои ги добиваат преку дресот прават фановите да се чувствуваат како дел од тимот. NikeConnect дресовите ќе бидат лансирани на NBA страницата на Nike и во другите официјални NBA продавници денес, 29 септември. За да можете да ги користите мора да имате iPhone со инсталиран iOS 11.

(PSFK)

Сподели!
- Advertisement -