Денес почнува Самит 100, четворица премиери и 150 бизнис лидери во Скопје

- Advertisement -

Над 150 бизнис лидери од Југоисточна Европа, четворица премиери од Западен Балкан, министри и претставници на Европската унија ќе учествуваат на регионалниот Самит 100 што утре ќе се одржи во Скојпе.

Поврзувањето е клучната тема на Самит 100 во Скопје, поврзување во разлчични области и на различни нивоа. Еден од главните говорници ќе биде еврокомесарката за транспорт Виолета Булц на која ќе и се придружат реномирани бизнис лидери, претставници на водечките компании од регионот, како Хидрија, АСА Груп, Атлас фондација, Атлантик група, Горење, БМВ, Подравка, Филип Морис, ББИ, Убер, Бамби и други, но и претставници од меѓународни финансиски инститиуции како Европската банка за обнова и развој, Меѓународната финансиска корпорација, Европската инвестициска банка, Светската банка и многу други претставници од бизнис-секторот.

Самитот официјално ќе го отворат претседателот на Бордот на Самит 100 Живко Мукаетов и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, а ќе биде одржан и панел со премиерите на земјите од регионот. Потврдено е присуство на премиерите на Македонија, Албанија и Црна Гора и претседавачот со Советот на министри од БиХ.

- Advertisement -

Претседателот на Владата Зоран Заев е поканет да учествува со свое излагање на премиерската пленарна панел-дебата под наслов „Нов договор за новото време, или, дали регионот е подготвен за натпревар на глобалната сцена“, на која ќе се дебатираат и темите за енергијата, за економиите засновани на знаење, за брендирањето, за дигиталната економија и за стратегиите за поврзување на регионот и за заеднички иницијативи во областа на туризмот.

Учество на оваа пленарна дебата потврдија премиерите на Албанија Еди Рама, на Црна Гора Душко Марковиќ и претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ.

- Advertisement -

Според претседателот на УО на Самит 100 и генерален директор на Алкалоид, Живко Мукаетов, настанот е уникатен и отвора можности за вистинска поврзаност и искористување на заедничкиот потенцијал на земјите од регионот.

Јелена Радуловиќ, програмски директор на Самит 100, смета дека од година во година Самит 100 напредува и секогаш му се додава по некоја нова димензија на иницијативата.

- Advertisement -

На првиот ден од Самитот се очекува најава за почнување на реализација на проектот Едисон за електрификација на автопатишатата во регионот. Ова е регионален проект што е произлезен од иницијативата Самит 100, чија платформа е настаната во Словенија 2015 година.

Сподели!
- Advertisement -