Шведска до 2023 година ќе престане да користи кеш

- Advertisement -

Кешто ќе престане да се користи во Шведска. Во периодот од 2007 до 2015 година циркулацијата на готовината се намали за речиси 15%, а во периодот од 2010 до 2015 година бројот на трансакции на кеш во продавници се преполови од 39% на 20%.

Во истиот период значително пораснаа електронските трансации. 95% од Швеѓабните сека имаат дебитна или кредитна картичка и просечно секој направил 290 плаќања со картичка во 2015 година. Тоа е многу повеќе од просекот во ЕУ – 104 плаќања годишно.Што се крие зад оваа промена?

- Advertisement -

Има повеќе причини зошто Шведска ги исфрла традиционалните пари од употреба. Таа е местото каде што се родија Skype и Spotify и е позната како високотехнолошка и иновативна земја, па не е ни чудо што Швеѓаните први се пефрлаат на дигитално плаќање.

Најголем дел од популацијата во Шведска поседува паметен телефон и таблет и преку нив вршат финансиски трансакции. Освен тоа, готовината скапо ги чини банките, па според националната шведска банка, Riksbank, финансиските институции сакаат нивните клиенти да се префрлат од кеш на електронско плаќање.

- Advertisement -

Понатаму, шведското општество се карактеризира со голема доверба во провајдерите на услѕуги за плаќање, па токму затоа луѓето не се двоумат да ја прифатат таа технологија. Изминатите години се развиваше е-трговијата, а се појавија и картички за бесконтактно плаќање, па сега се може да се плати за неколку секунди со едноставно поминување со паметниот телефон пред некој терминал.

На светско ниво трансакциите без кеш достигнаа 433,1 милијарди во 2015 година, што е раст од 11,2%. На прво место е САд бо бројот на трансакции, па следуваат Еврозоната и Кина. Според консултантите во McKinsey, глобалните приходи од вакви трансакции ќе се зголема од 1,8 трилиони долари во 2014 година на 2,2 трилиони долари до 2020 гдоина. Сингапур, Холандија и Франција се некои од земјите кои ќе се многу малку зависни од кеш. Африка, Латинска Америка и Азиско-пацифичкиот регион се уште се многу зависни од традиционалните пари.

- Advertisement -

(World Economic Forum)

Сподели!
- Advertisement -