(ФОТО-ГАЛЕРИЈА) Бизнис елитата од регионот на Wine & Dine со Тиквеш

- Advertisement -

По динамичниот прв работен ден од 6-та регионална економска средба Самит 100 во Скопје, регионалната бизнис елита уживаше во Wine & Dine настанот во организација на ВВ „Тиквеш“.

Учесниците на самитот, над 150 бизнис и политички лидери и претставници на меѓународни организации во опуштената атмосфера на скопскиот хотел „Парк“ ги вкусија ексклузивните вина на Винарската визба „Тиквеш“, придружени со гастрономски мајстории изработени од страна на заеднички кулинарски тим на хотелот и на винарницата.

- Advertisement -

За многумина од ексклузивните гости ова беше уникатна можност да се запознаат со винските брендови на „Тиквеш“ кои се редовни носители на највисоки признанија на најпрестижните светски вински натпревари.

Сподели!
- Advertisement -