Од идната година ќе јадеме генетски модифицирани јаболка кои никогаш не потемнуваат

- Advertisement -

„Арктичкото јаболко“ (Arctic Apple) е врста јаболко која е генетски модифицирана за никогаш да не потемнува – дури и кога е исеченo на парчиња. Овошјето беше замислено како начин за зголемување на консумацијата на јаболка меѓу пребиrливите купувачи и истовремено да се намали отпадот од храна.

„Многу јаболка се фрлаат. Ние баравме начини да ги ребрендираме јаболката и да ги направиме поприфатливи“ вели Нил Картер, претседател на компанијата Okanagan Specialty Fruits, која го дизајнираше „арктичкото јаболко“.

- Advertisement -

Почнувајќи од ноември годинава „арктичкото јаболко“ ќе се продава во околу 400 супермаркети во САД. Картер проценува дека годинашната реколта од околу 55 килограми јаболка ќе се продава околу 12 недели. Првата врста на „арктичкото јаболко“ ќе се продава најпрвин во маркетите Golden Delicious, а потоа и во Granny Smith во 2018 година. Од компанијата Okanagan се надеваат дека овој нов пристап ќе биде добро прифатен од консументите на овошје.

„Изминатите децении се забележуваше пад на консумацијата на јаболка. Истото се случуваше и со морковите, а кога почнаа да продаваат излупени и исечкани млади мали моркови консумацијата се дуплираше“ вели Картер. Како и морковите, и „арктичките јаболка“ ќе се продаваат исечкани.

- Advertisement -

Јаболката потемнуваат кога се исечени или ако паднале поради ензимите кои добиваат бакарна боја при оксидација. Иако ќе бидат исечкани на мали залчиња, „арктичките јаболка“ нема никогаш да ја променат бојата.

(Inhabitat)

Сподели!
- Advertisement -