Професии од иднината – би работеле ли некоја од нив?

- Advertisement -

Влијанието од дигиталните технологии на нашите животи веќе е големо. Денес постојат професии кои не постоеја до пред десетина години, но какви се предвидувањата за иднината? Еве неколку професии кои ќе станат реални кариерни избори во иднина.

1. Сервисер со 3Д печатач

Замислете кога во иднина ќе ви се расипе нешто по дома и кога ќе викнете мајстор, тој да се појави на вашата врата со скенер и со 3Д печатач. Кога ќе ја препознае грешката или оштетувањето, наместо да нарачува заменски дел, тој едноставно ќе го испечати. Ви пукнала цевка во бањата? Тој ќе испечати нова.

- Advertisement -

2. Архитект за отпад

Еден ден ќе бидеме буквално под ѓубре и ќе ни бидат потребни начини како да го искористиме ова ѓубре. Веќе постои денес концептот на пловечки градови создадени од алги и отпад во кои ќе можат да живеат околу 20 000 луѓе.

- Advertisement -

3. Туристички водич за вселенски патувања

Без разлика дали ќе станува збор за получасовен лет во орбитата на Земјата или двегодишно патување до Марс, ќе ви биде потребна личност која ќе ве запознае со новата средина – да ви ги покаже најубавите точки и да ве упати кон нешта кои вредат да се видат. Што и да побараат клиентите, професијата туристички водич за вселената во иднина ќе биде многу, многу интересна.

- Advertisement -

4. Посредник за дигитален погреб

Мислете дека овде зборуваме за професии кои ќе ги има само во иднина? Денес веќе постојат луѓе кои за хонорар би се согласиле да се погрижат за вашето дигитално наследство после вашата смрт. Социјалните мрежи, онлајн системите за плаќање, дигиталните претплати – посредник за дигитален погреб е професија со која неколку претприемачи се занимаваат и денес.

5. Рудар за астероиди

Бројни истражувања покажуваат дека астероидите буквално изобилуваат со драгоцена платина и минерали. Рударството за астероиди можеби ќе стане навистина привлечен бизнис.

6. Урбан градинар

Доколку работите не се променат, Земјата во иднина ќе стане толку загадена што ќе мораме да смислиме нови начини на одгледување овошје и зеленчук. Вертикални градини и ниви на крововите на урбаните комплекси ќе бидат неизвесни, а ќе бидат потребни и луѓе обучени да одгледуваат градинарски култури во такви услови.

(T-portal)

 

Сподели!
- Advertisement -