Пет масивни турбини на ветар во морето во близина на Шкотска почнаа да испраќаат енергија во електричната мрежа. Statoil, норвешка електродистрибутивна компанија, неколку години работеше на проектот Hywind Scotland со капацитет од 30 мегават-часови струја и сега конечно фармата на ветар почна со работа, а ќе произведува доволно струја за 20.000 домови.
Hywind Scotland се наоѓа на околу 24 километри од Петерхед во Аберденшир. Бидејќи турбините на фармата пловат, може да се постават во вода подлабока од конвенционалните фарми во море. Турбините на Hywind Scotland се поставени во вода длабока до 129 метри, додека типичните турбини во море се поставуваат на вода длабока до 50 метри.
Овие бројки се многу битни затоа што според Statoil, 80% од потенцијалните локации на ветришта на водена површина се над вода подлабока од 60 метри. Според нив, нивните пловечки турбини би функционирале многу подобро во уште подлабоки води отколку кај фармата Hywind Scotland. Потпретседателот на Statoil New Energy Solutions, Ирене Румелхолф, изјави дека Hywind може да се користи на вода длабока до 800 метри, па со тоа се отвора можност за искористување на ветриштата на досега недостапни места.
Вкупната висина на турбините е 175 метри. Според шремиерот на Шкотка, Никола Стерџен, со овој проект земјата застанува на чело на глобалната трка и станува светски центар за иновации на полето на енергијата. Statoil и компанијата партнер на проектот Masdar работат и на проект за батерија која ќе складира 1 мегават-час енергија чиста енергија создадена од Hywind Scotland наречена Batwind. румелхолф изјави дека Statoil планира да продолжи да работи на намалување на цената на енергијата од ветрот на околу 40 до 60 евра за мегават-час до 2030 година.
(Inhabitat)