Во основното училипте Вугровец-Кашина беше претставено изведување настава по историја со помош на виртуелна реалност. Час по историја одржа професор од загрепкското Хотелисерско-туристичко средно училиште, Хано Узеирбеговиќ, кој од минатата година го предава изборниот предмет „Виртуелна историја“.
Vipnet во училиштето донираше очила за виртуелна реалност, лаптопи и мобилни уреди за во целост да се опремат училниците за историја и географија. Воедно, со иста таква донација го поддржа понатамошното унапредување на наставата по историја во Хотелиерско-туристичкото средно училипте. Со ова на учениците им е овозможен пристап до напредна настава и до нови технологии во образованието.
Во наставата по историја со виртуелан реалност учениците заедно со наставникот ги бираат темите кои им се интересни, а потоа почнуваат да истражуваат достапни софтверски решенија кои би можеле да се користат за обработка на наставните содржини. Досега така ги имаат обработени темата стара Грција со помош на играта Minecraft и градејќи го храмот Партенон. Наставната тема задгробен живот и процесот на мумификација ја совладаа со помош на флеш видеоиграта Mummy Maker, по што прошетаа низ гробницата на Тутанкамон со помош на очила за виртуелна реалност.
(ICTBusiness)