Русија ќе ја тестира вакцината против корона вирусот на 40.000 луѓе

- Advertisement -

Русија објави дека на почетокот на идната недела ќе почне со клинички тестирања на повеќе од 40.000 луѓе на вакцината против корона вирусот, која ја одобри на 11 август.

Минатата недела Русија, како прва земја во светот, ја лиценцираше вакцината против корона вирусот. Тоа го објави претседателот на Русија, Владимир Путин. Тоа светот го прими со скепса затоа што таа вакцина не ги поминала неопходните клинички испитувања пред да биде издадена лиценцата која се бара за да се докаже делувањето на вакцината.

- Advertisement -

Идната недела ќе почна клиничките студии за ефикасноста и безбедноста на вакцината Sputnik V во Русија“ соопшти рускиот суверен фонд вклучен во развојот на вакцината и прецизираше дека повеќе од 40.000 луѓе ќе учествуваат во студијата во над 45 медицински сестри.

На официјалната веб страница посветена на вакцината е објавено дека третата фаза од клиничките тестови во кои се вклучени повеќе од 2.000 луѓе почнала на 12 август.

Од Суверениот фонд истакнаа и дека вакцинацијата на ризичните групи, меѓу кои медицинскиот персонал, исто така ќе почне идната недела на доброволна основа. Повеќе од 20 земји доставија барање за купување на милијарда дози од руската вакцина. Русија се договори и за производство на вакцини во пет земји, велат од фондот и откриваат дека се предвидува масовното вакцинирање во Русија да започне во октомври годинава, а почетокот на испораката на вакцините за странство е планиран за ноември или декември.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Pikist)

Сподели!
- Advertisement -