Пријавете се за Јава тренинг – Сеавус талент програма

- Advertisement -

Како дел од Сеавус Талент програмите, во тек е пријавувањето за обука од областа на Јава технологијата. Обуката е наменета за дипломирани студенти или студенти запишани во последната година од своите студии за информатички и компјутерски науки, студенти запишани на постдипломски студии како и за сите оние кои имаат технички познавања од оваа технологија и сакаат да се дообучат.

Секоја година на тренингот се пријавуваат повеќе од 150 кандидати, од кои најмалку 15 ја добиваат можноста за едукација. Од нив пак, најдобрите кандидати добиваат можност да се вработат во Сеавус.

- Advertisement -

Јава тренингот ќе се оддржи во втората половина од месец ноември, во период од 3 недели, при што предавања ќе има 3 пати неделно, од 13-17 часот. Сите предавања и практични вежби ќе бидат одржани од експерти на Сеавус со повеќегодишно искуство во Јава базирани технологии. Учесниците ќе имаат можност да се стекнат со знаења од програмскиот јазик Јава и поврзани технологии со истиот, како Spring, Spring Boot, Hibernate и Angular со помош на кои во текот на тренингот ќе изработуваат веб апликации.

Повеќе информации за обуката прочитајте тука:  http://career.seavus.com/job-opportunities/job/java-talent-program

- Advertisement -

Сите заинтересирани можат да аплицираат на career.seavus.com, најдоцна до 27 октомври 2017 година.

Сподели!
- Advertisement -