Само 10% од домашните компании користат Интернет трговија!

- Advertisement -
 Околу 49% од деловните субјекти во Македонија имаат веб-страница. Од нив 80% нудат опис на производите/услугите и ценовници, 59% наведуваат линкови/референции до нивните профили на социјалните медиуми, а 21 отсто обезбедуваат он-лајн нарачување или резервирање.

Во 2016 година, 10,3 отсто од деловните субјекти со 10 или повеќе вработени воделе е-трговија, купувале или продавале стоки или услуги преку компјутерски мрежи (веб или EDI). Притоа, е-продажба реализирале шест проценти, а е-купувања 5,8% .

Како што соопшти Државниот завод за статистика, повикувајќи се на податоци од јануари 2017 година, широкопојасен пристап на интернет, преку фиксна или мобилна конекција, имале 91,2 отсто од деловните субјекти со десет или повеќе вработени.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -