На прагот на револуција – електричните автомобили ќе се полнат само 6 минути

- Advertisement -

Слeдниот голем чекор во развојот на батерии за автомобили би требало да ни обезбеди екстремно брзо полнење и многу поголем досег. За најновото откритие се заслужни научниците на Toshibа. Според нивните прогнози, нивниот најнов изум може да биде голем ветар во грбот на компаниите кои развиваат електрични автомобили.

Toshiba најави нова гeнерација литиум-јонски батерии кои на автомобилите би требало да им обезбедат досег од 320 километри со полнење од само 6 минути. Во својата батерија Toshiba наместо литиум и титаниум оксид користи анода од оксид на титаниум и ниобиум. Како што тврдат, таквата батерија од 32 kWh може да осигура трипати поголем досег во споредба со вообичаената батерија по полнење од 6 минути.

- Advertisement -

Освен тоа, од Toshiba наведуваат дека батеријата ќе задржи до 90% од капацитетот по 5.000 циклуси на полнење. Односно доколку батеријата ја полниме еднаш дневно, тоа е еднакво на 14 години користење. Toshiba планира батеријата да ја пласира на пазарот за 2 години, но не е позната нејзината цена.

(24 sata)

Сподели!
- Advertisement -