Научници открија начин да добијат гориво од морската вода само со помош на светлина

- Advertisement -

Со помош на нов наноматеријал многу полесно и поевтино се добива вородордно гориво од морската вода  и е нов поефикасен метод за добивање енергија од одржливи извори. Ваквиот начин на добивање водородно гориво значително ќе ја намали зависноста од фосилни горива.

Тимот научници од Универзитетот на Централна Флорида велат дека новиот метод на екстрахирање е особено погоден за земјите кои имаат изобилство сончеви денови и морска вода. „Отворивме нов прозорец за поделба на морската вода, не само на водата прочостена во лабораторија. Овој процес навистина функционира во морската вода“ вели истражувачот Јанг Јанг, кој една деценија работи на овој тип технологија.

- Advertisement -

Доколку ставите батерија на водород во автомобил, единствениот нуспроизвод е водата, која повторно може да се подели на водород и кислород. Проблемот е производството на водород од вода или од друг извор на ефикасен и евтин начин кој нема да потроши повеќе енергија и да создаде повеќе загадување отколку што заштедил.

Научниците и претходно се обидоа да добијат водород од морската вода, но трошеше премногу струја, а поради квалитетот на морската вода и солта во неа процесот е особено тежок. За новата студија Јанг и неговиот тим развија нов наноматеријал кој функционира како фотокатализатор и предизвикува хемиска реакција која се случува која светлината ќе допре до површината на водата. Во тој случај како производ се добива водород.

- Advertisement -

Најбитно е тоа што наноматеријалот лови поширок спектар на светлината отколку други мтеријали, па може да искористи повеќе сончева енергија. Исто така, дизајниран е да издржува лоши временски услови. Хибридниот материјал се базира на титаниум диоксид, кој е најчестиот фотокатализатор, но е покриен со микроскопски наношуплини обложени со молибден дисулфид. Тоа е магичната формула поради која поефикасно се ослободува водород. Истражувачите велат дека овој материјал е барем двапати поефикасен од постојните фотокатализатори. Технологијата уште треба да се развива пред да стартува комерцијалната примена.

(Science Alert)

Сподели!
- Advertisement -