Провидните соларни ќелии ќе го револуционизираат генерирањето електрична енергија

- Advertisement -

Иноваторот Ричард Лант, кој ги направи проѕирните соларни ќелии, кои беа претставени пред неколку години, сега има нова анализа која дава надеж за многу попозитивна иднина на Земјата. Според неговите анализи на потенцијалот на проѕирните соларни ќелии, доколку се искористува само видливиот дел од сончевиот спектар проѕирните соларни ќелии можат да генерираат исто енергија колку соларните панели на покриви. Така ќе се зголеми енергетската ефикасност на зградите, автомобилите и мобилната електроника.

Соларните панели на поркиви досега најмногу се користеа за генерирање зелена енергија, но со преселбата на се повеќе луѓе во градови и густата поставеност на зградите, нема многу простор за задоволување на потребите за енергија во големите градови.

- Advertisement -

Според тимот на Лант, во САД има стаклени површини од 5,7 милијарди квадратни метри. Доколку се постават проѕирни соларни ќелии на сите стаклени површини и се комбинираат со традиционалните соларни панели на покриви речиси 100% ќе се задоволат енергетските потреби на сите жители. Ваквите проценки важат за сите погусто населени области во светот. Лант вели дека засега проѕирните ќелии имаат ефикасност од 5%, што е 1/3 од ефикасноста на традиционалните соларни панели.

(TreeHugger)

Сподели!
- Advertisement -