Виена до 2020 година ќе добие 1.000 станици за полнење на електрични автомобили

- Advertisement -

Првите 230 станици треба да бидат поставени до средината на 2018 година. Во секој од 23 округа во Виена ќе се постават по пет станици наменети за два електрични автомобили од 11 kW. Другите станици ќе бидат поставени до 2020 година

Бројот на жители во Виена се зголеми за 200.000 во текот на изминатите 10 години, зголемувајќи го и метежот во сообраќајот. Ова наложува потреба да се најдат еколошки начини на превоз како електричните автомобили поради што се проширува и јавната мрежа за полнење на истите. Поради оваа причина, до 2020 година во Виена ќе бидат инсталирани 1.000 нови електрични станици за полнење.

Првите 230 станици треба да бидат поставени до средината на 2018 година. Во секој од 23 округа во Виена ќе се постават по пет станици наменети за два електрични автомобили од 11 kW. Другите станици ќе бидат поставени до 2020 година.

- Advertisement -

При изборот на локации биле земени предвид неколку критериуми, од атрактивност преку поврзување на електрична мрежа до економичност. Новиот систем треба да овозможи лесно и брзо полнење, а корисниците ќе можат да користат картичка за полнење или мобилната апликација. Користењето на една станица е ограничено на три часа, а трошоците ќе се пресметуваат според преземe ната количина на енергија и времето на полнење.

Градењето на јавна мрежа за полнење ќе го врши виенската компанија за снабдување со енергија Wien Energie која ги повикува сите заинтересирани граѓани да се вклучат во финансирањето на изградбата на нови станици. Учеството на граѓаните ќе се спроведува преку купонски пакет од 250 евра кој веќе може да се набави онлајн. Клиентите ќе добијат купон во вредност од 55 евра за секоја година во следните пет години. Овој купон може да се користи за полнење електрични автомобили, но и за други услуги на компанијата. Покрај тоа, ваучерот ќе биде достапен и за билети за јавен превоз и може да се користи во ланецот маркети SPAR. Вкупно 2 500 пакети ќе бидат пуштени во продажба на почетокот.

- Advertisement -

Во Виена и околината има 500 јавни станици за полнење за електрични автомобили, а на сопствениците на таквите автомобили со Wien Energie картичката ќе можат да полнат и на станиците на други компании низ Австрија. Се работи за вкупно 1 600 станици за полнење, а нивниот број до крајот на 2017 година треба да се зголеми до 2000.

(ICTBusiness)

Сподели!
- Advertisement -