Дванаесет начини како музиката ви ја зголемува продуктивноста на работа

- Advertisement -

Научете како музиката може да ви помогне да си го пронајдете ритамот на работното место!

Дали некогаш сте се нашле во ситуација да ги гледале минутите како изминуваат една по една или да сте посакале да го „исклучите“ зборувањето на вашите колеги во канцеларија? Постои едноставно решение за најголем дел од работите кои ве иритираат на работното место: музика!

- Advertisement -

Со музика дури и задачите кои се повторуваат и траат долго, стануваат подносливи, дури и забавни, а потребно е само да си ги пуштите омилените ноти. Ставете си слушалки и побарајте си плејлиста со музика која вам ви одговара. Анкета покажала дека најпопуларна музика која се слуша во канцеларија е поп музиката или листи со акутелните хитови, односно ова бил изборот на 35% од луѓето додека се на работа. 26% одговориле дека слушаат рок музика на работа, 18% бираат рап, 12% електронска музика, а 7% сакаат да работат со класична музика.

Без разлика кој жанр ќе го изберете вие, еве како тоа ќе се одрази позитивно на вашата работа.

- Advertisement -

1.Подобрување на расположението

Одлично парче музика инстантно ќе ви го подобри расположението. Голем број на научни докази го потврдуваат ова – едноставно сме поопуштени и посреќни кога слушаме музика.

- Advertisement -

2. Повторливите задачи ги прави подносливи

Колку од нас превртуваат очи кога треба да работат нешто што постојано се повторува? Музиката прави да не размислуваме за природата на задачите, па откако ќе си ја пуштите омилената песна, повеќе нема да биде досадно постојаното кликање на copy и paste.

3. Опуштена состојба

Опуштена состојба е кога се ослободувате од стресот и не го чувствувате времето кое минува работејќи. Музиката особено помага за да се достигне ваквата состојба, особено вистинската музика за вас.

4. Забрзување на работата

Музиката ќе го зголеми лачењето на хормонот ендорфин што ќе ви помогне да бидете попродуктивни, а со тоа и работата брзо ќе ви оди.

5. Намалување на дистракциите

Дистракциите на работното место може да ги има во голем број, особено кога задачата што ја работите не ви е интересна. Со музиката успешно ќе ги игнорирате сите нешта кои инаку би ви го одвлекле вниманието.

6. Исклучување на колегите

Секој си ги почитува колегите, но исто како и членовите на семејството, колку и да ги сакаме, некогаш е потребно да ги исклучилем особено кога имаме доста работни обврски кои бараат внимание.

7. Друштво во празна канцеларија

Не сите работни места се бучни. Далеку од тоа. Работно место кое е премногу тивко исто така може да влијае негативно на продуктивноста. Музиката ви создава чувство дека не сте сами за да не станете осамени. Само немојте да пеете гласно!

8. Ви ја открива креативната страна

Често пати може да имаме проблеми со изразување на нашата креативност што може да биде клучно за продуктивноста. Музиката е персонифицирана креативност, а слушањето на музика додека се работи ја поттикнува вашата креативна страна.

9. Посакувате да се движите

Веќе постои синдром кој се јавува кога предолго седите во вашето канцелариско столче и гледате во екранот. Малку повеќе ритам во вашите слушалки ќе предизвика да посакате да станете од столчето и да се раздвижите.

10. Виртуелен знак кој вели „не ме вознемирувај“

Вклучените слушалки се канцелариски знак кој им дава до знаење на вашите колеги дека не треба да ве вознемируваат. Продуктивноста ќе ви расте кога нема кој да ве прекинува постојано.

11. Ве прави посоцијални

Можеби ви звучи неверојатно, но откако ќе ги тргнете слушалките и ќе ја исклучите музиката, ќе бидете толку полни со муабет што едноставно ќе барате некој од колегите со кој ќе размените збор два додека пиете кафе на паузата.

12. Го стопира постојаното гледање во часовникот

Премногу гледање во часовникот е опасно, а музиката ќе предизвика да мислите на нешто друго со што брзо ќе ви помине работното време.

(Entrepreneuer)

 

Сподели!
- Advertisement -