Рекордна концентрација на јаглерод диоксид во атмосферата

- Advertisement -

Светската метеоролошка организација соопшти дека минатата година растот на количината јаглерод диоксид во атмосферата беше 50% поголем отколку просечниот во текот на изминатите 10 години. Истражувачите велат дека комбинацијата од човечкиот фактор и метеоролошкиот феномен Ел Нињо доведоа до ниво какво што не сме имале во последните 800.000 години.

Мерења се направени во 51 држва, а научниците велат дека ова е потврда дека нема да бидат достигнати целите за намалување на глобалното затоплување. „Ова е најголемиот пораст кој сме го виделе во 30 години, колкиу што постои ова мерење“ велат од Светската метеоролошка организација.

- Advertisement -

Емисијата на опасни гасови од човечки извори е намалена во последните години, но во последните 70 години концентрацијата на СО2 во воздухот е речиси 100 пати поголема отколку што била на крајот на ледената доба. „Рапидниот пораст на нивотот на јаглерод диоксид и други гасови може да доведе со непредвидени промени во климата, кои би предизвикале еколошки и економски пореметувања“се вели во извештајот.

(AlJazeera Balkans)

Сподели!
- Advertisement -