Social Impact Lab објави повик за учество во акцелераторска програма за социјални претпријатија во Скопје и Виена

- Advertisement -

Акцелераторската програма во целост е бесплатна за учесниците. Програмата започнува на 10. ноември 2017 и сите заинтересирани социјални претпријатија потребно е да ја пополнат апликацијата на следниот линк

Социјалните претпријатија во рамките на акцелераторската програма ќе имаат можност да ги следат следните фази:

Фаза 1: Бизнис дизајн – пет неделен тренинг со два настани неделно (17.00-19.00 часот)

- Advertisement -

Фаза 2: Менторирање – четири неделна индивидуална менторска поддршка

Фаза 3: Развој на комуникациски вештини – четири неделен тренинг и подготовка за презентација пред потенцијални инвеститори

- Advertisement -

Фаза 4: Investment Ready Program – оваа фаза опфаќа менторирање и подобрување на капацитетите на социјалните претпријатија користејќи ги менторите од мрежата на Impact Hub Vienna, во времетраење од 4 до 6 месеци, со неколку посети на Виена. Модулите во рамките на оваа програма, учесниците ќе ги следат во Impact Hub Vienna. Влезот во оваа програма се обезбедува преку учество на Warm-up Day, организиран во Скопје.

Акцелераторската програма во целост е бесплатна за учесниците. Трошоци за транспорт и сместување за учесниците кои доаѓаат надвор од Скопје се во целост покриени од организаторите.  Програмата започнува на 10. ноември 2017 и сите заинтересирани социјални претпријатија потребно е да ја пополнат апликацијата на следниот линк.

- Advertisement -

Краен рок за аплицирање е 5. ноември  2017 година.

Сподели!
- Advertisement -