Пивото од тиква има најдолга историја во САД, а за Македонија е новитет од неодамна. Крафт пиварата „Темов“ од неодамна на своите потрошувачи им го понуди токму овој есенски специјалитет.
Како симбол на есента тиквата е многу присутна во различни варијанти, но за пиво од тиква не сме ни помислувале сѐ до неодамна. Тиквата е еден од зеленчуците кои се присутни во Македонија, а најпопуларна е во октомври како дел од есенската исхрана. Тиквата е богата по содржина со железо, бакар и флуор, а содржи и калиум, калциум, манган, цинк кобалт, силициум. Богата е со пектини, шеќери, витамини С, Е, витамини од групата В, каротин.
Крафт пиварата „Темов“ го произведе првото светло пиво од тиква во Македонија и го нуди како есенски специјалитет на куќата со 4,8% алкохол.
Пиварата постои веќе неколку години и е семеен бизнис кој започна со Пивницата „Стар град“ во Старата скопска чаршија.