Израелска Arkia размислува да воведе авионска линија Скопје – Тел Авив

- Advertisement -

Израелската авио компанијата Arkia е заинтересирана за воспоставување на нова линија на релација Скопје – Тел Авив

Mинистерот за транспорт и врски Горан Сугарески на работната средба со претставници на Arkia ги презентираше можностите и условите што ги нуди Македонија за авиокомпании заинтересирани за операции од домашните аеродроми.

Имавме плодна средба на која ги образложивме нашите услови за работа во оваа дејност во Република Македонија. Тие ги презентираа плановите за ширење на нивната мрежа и во Република Македонија со воспоставување на нова линија. Доколку во наредниот период постигнеме договор, овие планови ќе ги реализираме. Да се надеваме дека тие позитивно ќе одлучат и ќе се воспостави директен лет од Скопје до Тел Авив“, изјави Сугарески.

- Advertisement -

На средбата се отвори и прашањето за придобивките што ќе ги имаат двете земји во однос на зголемување на туризмот, економските односи и културните врски доколку се реализира оваа авио линија.

Сподели!
- Advertisement -