Двеминутно правило за да престанете да ги одложувате обврските

- Advertisement -

Сте слушнале ли за овој метод кој ќе ви помогне да ги надминете лошите навики на одложување во само две минути?

Луѓето постојано се интересираат за методи кои се научно докажани дека можат да им ја подобрат продуктивноста и да го надминат одложувањето на задачите. Правилото на двете минути е поинакво. Создавањето нови навики е тешко, како и реструктурирањето на вашиот работен процес, но ова правило сѐ што бара од вас се само две минути. Без разлика колку сте зафатени, секој има две минути.

Правилото доаѓа од консултантот за менаџмент, Дејвид Ален кој го смислил и методот GTD – Get things done. Две минутното правило е начин на кој поефикасно ќе го завршите работниот ден. Правилото опфаќа два дела.

- Advertisement -

Првиот дел е доколку имате задача која може да се заврши за помалку од две минути, започнете ја веднаш. Во моментот. Постојат толку мали работи кои постојано ги ставаме на страна и се тешиме со фактот дека поради тоа што се ситни, можат да се завршат било кога, а вистината е дека само ги одложуваме. Фрлете го ѓубрето, измијте си ја шолјата откако ќе го испиете кафето, пратете го е-меилот. Сето ова се завршува за помалку од две минути.

Вториот дел ќе бара од вас поголема посветеност. Додека првиот дел ги елиминира ситните задачи кои се собираат во текот на денот, вториот дел е фокусиран на градење нови навики.

- Advertisement -

Кога започнувате нова навика, осигурајте се дека ви се потребни две минути или помалку за да ја завршите. Ако вашата цел е да напишете книга и сакате да создадете навика да пишувате по малку секој ден, ќе ви бидат потребни години за да ја завршите книгата. Вистината е дека најголемиот дел од навиките не можат да се завршат за помалку од две минути.

Трикот е да создадете навика од две минути која ќе ве води кон градење на некоја поголема навика. Ако целта ви е да одете почесто во теретана, вашата две минутна навика би била секое утро да си ја подготвите торбата со опрема за во теретана. Задачите од две минути се лесни за завршување што понатаму ќе ве поттикне и ќе ви ја олесни поголемата навика која бара повеќе време.

Сподели!
- Advertisement -