Компанијата MVRDV штотуку заврши со изградбата на библиотеката Tianjin Binhai, пишува Inhabitat. Библиотеката е спектакуларен културен центар каков што нема никаде на друго место. Има површина од дури 33.800 квадратни метри и полици со книги од подот до таванот кои се каскадно поставени околу еден осветлен сферичен аудиториум. Ваквиот ентериер и екстериерот прават библиотеката да изгледа како џиновско око гледано однадвор.
Изградена е за рекордно време од три години и претставува дел од еден кластер од пет културни згради во округот Бинхаи поврзани со коридор со стаклен покрив. Центарот на библиотеката е масивниот сферичен аудиториум. Полиците се поставени на секоја страна и истовремено служат како место за седење или скалила. Ваквите контури продолжуваат до таванот, каде што се обложени со светилки. Целата внатрешност изгледа како пештера или една бескрајна полица со книги.
Првите два ката се простории за читање, за книги и места за одмор, додека погорните катови имаат простории за состаноци, канцеларии, простории за компјутери и аудио и има и два две зелени површини на покривот.