До 2035 година ќе се затворат 1/4 од рафинериите на нафта

- Advertisement -

Според еден најнов извештај, околу една четвртина од светските рафинерии на нафта се соочуваат со затворање до 2035 година доколку владите во светот ги исполнат нивните таргети за намалување на емисијата за штетни гасови. Како што пренесува CleanTechnica, ова намалување на капацитетот за преработка на нафта ќе биде придружено со зголемување на бројот на електрични возила, поголема ефикасност на горивата кај моторите со внатрешно согорување и поголема ефикасност на воздушниот сообраќај.

Компаниите од рангот на Royal Dutch Shell, Total, Chevron, Sinopec итн. може да забележат пад на профитот до 70% до 2035 година. Намалената побарувачка на нафта во светот кој е придвижуван од карбонски горива ќе ги исфрли од бизнисот најмалку профитабилните рафинерии. Се проценува дека до 2035 година профитот на таквите рафинарии ќе се намали за повеќе од половина. Глобалната нафтена иднустрија во 2015 година имаше профит од околу 147 милијарди долари.

- Advertisement -

Таргетот од најмногу 2 степени Целзиусово зголемување на температурата ќе предизвика рационализација на глобалната индустрија за рафинирање. Во извештајот се анализирани 492 рафинерии на нафта, кои заедно се 94% од глобалниот капацитет.  Извештајот покажа дека веќе сега 21% од тие рафинерии не се профитабилни. Според податоците, најголем е ризикот за рафинериите Total и Eni со можно намалување на профитот од 70% д 80% до 2035, кај Shell и Chevron тој процент е 60% до 70%, а кај ExxonMobil и BP 40% до 50%.

Сподели!
- Advertisement -