Тим составен од студенти на ФИНКИ и Машинскиот факултет Скопје наредниот месец патуваат за САД, каде што во вселенскиот центар Кенеди на Флорида ќе го презентираат својот прототип производ – сензор за мерење на сончева енергија, известуваат од порталот Сакам да кажам.
Александар, Дамјан, Јаков и Павел оваа година победија на натпреварот на НАСА во Македонија, влегувајќи во финалето, каде што се натпреваруваа со тимови од млади луѓе од 70 земји од светот.
Нивниот изум дава податоци за количеството сончева енергија на одредено место, а информациите се прегледуваат преку апликација за тоа колку сончеви часа има секој ден и колку енергија даваат. Производот би бил наменет за домаќинства бидејќи е лесен за ракување и со достапна цена.
Сензорот ќе го презентираат пред директорот за технолошки трансфер на НАСА. За време на посетата на НАСА студентите ќе присуствуваат и на лансирање на ракета во вселената.