Град Скопје со препораки за граѓаните околу загадувањето на воздухот

- Advertisement -

Од канцеларијата на градоначалникот на град Скопје, денес излегоа со препораки наменети за граѓаните и институциите околу загадувањето на воздухот откако добиле известување од Министерството за животна средина поради надминувањето на концентрацијата на ПМ10 честичките во воздухот во текот на пет последователни дена кога изнесувале 50 микрограми на кубен метар.

Во препораките за граѓаните стои: возилата да не се користат без потреба, повеќе лица да се возат во едно возило, да се користи јавниот превоз, за загревање на домовите да не се користат отпадни материи и да се зголемат инспекциските контроли на оџаците во домаќинствата, објектите и индустриските и занаетчиските постројки од страна на државните инспектори.

- Advertisement -

Понатаму стои, за затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми и каков било синтетички материјал, да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и од отпадоци, печките на дрво да се користат и одржуваат според упатствата на производителот, како и редовно да се чистат оџаците.

Во однос на заштита на здравјето на луѓето се препорачува да се избегнува долгорочна изложеност на отворено, посебно доцна навечер или рано наутро кога концентрациите на ПМ10 можат да го достигнат максималното ниво.

- Advertisement -

Препораки до институциите и правните субјекти се: да се зголемат инспекциските контроли на инсталациите во надлежност на МЖСПП и општините во градот Скопје, да се зголемат инспекциските контроли на субјектите кои управуваат со отпадни гуми и отпадни масла од страна на општинските инспекциски служби, да се зголемат и спроведат вонредни инспекциски контроли на градилиштата во надлежност на општините, да се спроведува зачестено чистење на улиците и пешачките површини во надлежност на општините во градот Скопје, доставата на стоки со возила да се извршува пред 7:30 или по 18 часот.

Понатаму, обуките на авто школите да се реализираат во период од 9:30 до 14:30 и по 18:00 часот, да се зајакнат вонредните контроли на МВР во однос на техничката исправност на возилата за кои се сомневаат дека имаат зголемени емисии на штетни гасови.

- Advertisement -

Се препорачува и да бидат одложени или откажани сите големи јавни собири, спортски настани и културни настани на отворено.

Сподели!
- Advertisement -