Нов вид соларни панели имаат двојна намена – чиста енергија и одгледување растенија

- Advertisement -

Нова сорта соларни панели се поставуваат на покриви на стакленици за не само да се генерира чиста енергија, туку и со помош на боја која ја менува светлината да се оптимизира фотосинтезата на растенијата под нив. Нормално дека поставувањето соларни панели на стакленици не е толку паметна идеја бидејќи пaнелите ќе ги блокираат сончевите зраци да допрат до растенијата, но една спин оф компанија од Универзитетот Санта Круз разви нова технологија кој дозволува сонцето да помине низ панелите и со менување на бојата да се поттикне растот на растенијата.

Како што пренесува TreeHugger, панелите Soliculture LUMO, кои се фотоволтаични системи со селектирање на различна бранова должина, во себе имаат розова боја која апсорбира дел од зелениот и синиот спектар на сончевите зраци, а дел од зелениот спектар го претвора во црвена светлина, која, пак, ја поттикнува фотосинтезата кај растенијата. Една од предностите на ваквите соларни панели е ниската цена односно 65 цент за ват, што е 40% помалку од обичните соларни панели.

- Advertisement -

Ваквите паметни стакленици можат истовремено да ја користат сончевата енергија за производство на струја без да се влијае на растот на растенијата. Зошто ова е толку битно? Стаклениците, иако се потпираат на светлината за побрз раст на растенијата, трошат и многу струја за вентилатори, сензори и друга опрема, клима, осветлување. Системите како овој ќе овозможат стаклениците, кои се повеќе се користат на глобално ниво, да станат самоодржливи и оваа технологија има потенцијал да ги исклучи стаклениците од електрична мрежа.

Повратот на инвестицијата во вакви соларни панели е од 3 до 7 години, а имаат 20 години очекувам животен век. Тоа значи 20%-30% заштеда во споредба со обичните соларни панели.

Сподели!
- Advertisement -