Во Канада ќе се прави првото пиво од марихуана во светот

- Advertisement -

Constellation Brands е компанија кога произведува некои од најпознатите пива во САД како Corona и Modelo. Компанијата сега инвестира 190 милиони долари во најголемиот производител на марихуана во Канада, Canopy Growth Corporation.

Според Mashable, во рамките на ова ново партнерство тие планираат да произведуваат пијалаци со марихуана за пазарот во Канада кога ќе се легализира употребата на марихуаната за немедицински цели. Constellation Brand е првата компанија за производство на пиво која инвестира на пазарот за марихуана.

- Advertisement -

Оваа инвестиција целосно ја поремети индустријата за пиво, а марихуаната се етаблира како силен конкурент и се заканува да ги наруши и индустријата за тутун, за алкохол и фармацевтската индустрија.

Сподели!
- Advertisement -