Шесто издание на конференцијата AllWeb – компаниите се повеќе заинтересирани за дигитални комуникации

- Advertisement -

Имињата на сите говорници кои ќе се појават на сцената на шестото издание на единствената конференција за дигитални комуникации во Македонија, AllWeb како и деталната програма се веќе објавени на allweb.mk. Програмата е поделена во три целини, во рамките на кои ќе се зборува за е-трговија (omnychannel, payment processors, analytics), перформанс маркетинг (PPC, conversions, optimization) и содржина (social media, influencer marketing, monetization).

„Интересот на публиката за годинешнава конференција е одличен, дури можам да кажам и поголем од очекуваниот“ вели Дарко Булдиоски, програмски директор на конференцијата. “Особено не радува фактот што многу нови мали и средни бизниси решија да се вбројат на листата компании кои сакаат да ги прошират знаењата и поимањето на дигиталниот маркетинг“ додава тој.

- Advertisement -

Дел од имињата на говорници кои досега не беа објавени се Горан Секуловски и Милош Скокиќ, од Жишка, кои ќе зборуваат за тоа како да користите Инстаграм за да си помогнете во продажбата. Eјми Холанд ќе говори за т.н. чет ботови, а Дамјан Дамјановски – дигитален стратег и евенгелиста – својата презентација ќе ја фокусира на градењето стратегија и интегриран пристап во маркетингот.

Публиката на AllWeb ќе има можност ексклузивно да ги слушне резултатите од неодамна завршеното истражување за интернет продажба на производи за широка потрошувачка во Македонија. Истражувањето е спроведено за потребите на конференцијата од страна на Инсајдер ИД, агенција за истражување на пазарот. Резултатите ќе одговорат на прашања како: колку од корисниците на Интернет во Македонија купуваат онлајн, на која старосна група и припаѓаат купувачите, во која насока ќе се развива онлајн пазарот во иднина и сл.

- Advertisement -

Конференцијата е закажана за 17 ноември (петок) во Драмски театар во Скопје. Сите информации за влезниците, содржината на конференцијата и говорниците се достапни на allweb.mk.

Сподели!
- Advertisement -