Европскиот ден на претприемачот ќе се oдбележи овој петок и во Скопје

- Advertisement -

Во петок на 17. ноември, во хотелот „Александар Палас“ со почеток од 10 часот ќе се одбележи Европскиот ден на претприемачот. Организатор на настанот е Европската бизнис асоцијација во соработка со European SME Week, ПРЕДА Плус Фондација, Град Скопје

Настанот ќе започне со панел сесија на тема „Локалната самоуправа како предуслов за развој на МСП“ на која ќе дискутираат Петре Шилегов, Градоначалник на Град Скопје, Јован Деспотовски од Фонд за иновации и технолошки развој, Маријана Милевска од ПРЕДА Плус Фондација, Гордана Даниловиќ Грковиќ, Генерален Менаџер на „Технолошки Парк Белград“. Сесијата ќе биде модерирана од Димитар Ристовски од Европска бизнис асоцијација.

Втората панел сесија ќе биде на тема „Стартап ЕкоСистем и неговиот развој” со учество од Ѓорѓи Рафајловски од SEEU Tech Park , Дрилон Исеини од Create Hub, Софија Спировска од Seavus Incubator, Мимоза Богданоска Јовановска од Bit HUB и Јасна Тренгоска – Start Up Zone Start Up Macedonia.

- Advertisement -

За повеќе детали, погледнете го Facebook настанот на следниов линк.

Сподели!
- Advertisement -