Како да ги задржите најдобрите вработени во компанијата?

- Advertisement -

Истражувањата покажале дека дури 50 – 80% од вработените не се целосно посветени на работата. За да се промени ситуацијата, потребно е да се промени перцепцијата и на работодавачот и на работникот

Успешните претприемачи одамна ја препознаа важноста на своите вработени и затоа најдобрите секогаш ги задржуваат за себе без разлика за која позиција и финансиски надомест станува збор. Во спротивно, компанијата може да се донесе во ситуација да има изобилство од немотивирани вработени, а најталентираните и најработливите си бараат нови предизвици кои би ги исполниле нивните амбиции.

Истражувањата покажале дека дури 50 – 80% од вработените не се целосно посветени на работата. За да се промени ситуацијата, потребно е да се промени перцепцијата и на работодавачот и на работникот.

- Advertisement -

Наместо да се воспостави рамнотежа помеѓу животот и работата, потребна е интеграција на животот и работата. Нормално е вработените да ја доживуваат работата само во текот на работниот ден, а дополнителните часови да ги сметаат како обврска, најчесто непожелна и стресна. Поради ова е потребна комуникација со вработените и нивно поттикнување да зборуваат за евентуалните проблеми со што работодавачот ќе знае кога непотребно го преоптoварува работникот.

- Advertisement -

На вработените треба да им се дозволи флексибилност во работењето бидејќи често пати тие ќе бидат под стрест доколку од нив се бара да одговорат на сите предизвици кои ги носи брзиот начин на живот. Кога работникот ќе се преоптовари, тоа значи дека тој ќе минува и помалку време со своите блиски, а фрустрациите ќе се собираат пред тој да избувне еден ден. Токму поради ова е важна и отворената комуникација.

Исто така, со флексибилноста треба да им се овозможи и одредена моќ и позиција да одлучуваат. Доколку опкружувањето е такво да се казнуваат грешките, а да не се наградуваат успесите, вработените нема да преземаат ризици кога ќе се во позиција да донесуваат одлуки. Создадете работна култура во која вработените нема да се чувствуваат загрозено кога ќе преземаат ризици бидејќи ќе профитираат сите.

- Advertisement -

Сепак, почнете со тоа што ќе ги тренирате вработените да бидат ангажирани. Кај некои ангажманот е нормално нешто, тие се наметнуваат и сакаат да бидат во прв план, додека други преферираат да останат во сенка. Осигурајте се дека ќе ја следите и нивната работа и ќе ги препознаете и нивните квалитети, бидејќи ако не го направите вие тоа, сигурно некоја друга компанија ќе го стори.

На крај, бидете искрени и интересирајте се за тоа како вашите вработени се чувствуваат, слушнете го нивното мислење за подобрување на работната атмосфера и пофалете ги кога тоа го заслужиле. Исто така, не чекајте на нив да истапат и да побараат покачување на плата бидејќи најголемиот дел од вработените ги избегнуваат таквите ситуации со своите работодавачи и наместо да побараат повисока плата, тие го менуваат работното место.

Бидете во тек со напредокот на вработените и ќе знаете кога треба да ги наградите.

Сподели!
- Advertisement -