Винарската визба Тиквеш ги претстави новите вина Viognier и Plavec

- Advertisement -

Винарската визба „Тиквеш” лансираше на пазарот два новитета во палетата врвни вина од линијата Спешл селекшн (Special Selection) од сортите Виоње и Плавец, кои како издвоени сорти за првпат се употребуваат во Македонија, иако се исклучително популарни во други земји.

Линијата „Special Selection” претставува широка палета на вински вкусови во која секоја сорта е презентирана со своите најдобри карактеристики и во најдобро светло, што е одлична можност за потрошувачите да го одберат она вино што најмногу им одговара и им се допаѓа.

- Advertisement -

„Оваа новина во портфолиото претставува реализација на нашата стратешка определба за константно воведување иновации во различни сегменти од работењето“, објаснува генералниот директор на „Тиквеш“, Радош Вукиќевиќ, потенцирајќи дека „составен дел од ваквата стратегија секако е креирање на портфолио согласно желбите на потрошувачите, привлекување нови потрошувачи и нивен развој во вински ентузијасти“, заклучува Вукиќевиќ.

- Advertisement -

Лозовите насади каде се одгледуваат сортите од кои се произведени двете нови вина се наоѓаат на падините на планината Бабуна, на надморска висина до 270 метри и ориентација кон исток со што е овозможено оптимално изложување на сонце и зреење на грозјето. Почвата – рензина, каде се насадени лозјата, е богата со минерали и е со одлична пропустливост на водата. Самите лозја се поставени на позиција во која струењето на северниот ветер овозможува добро проветрување кое е особено значајно за задржување на свежината и природната отпорност на грозјето.

Сподели!
- Advertisement -