Делегацијата на Светска банка во посета на Фондот за иновации и технолошки развој

- Advertisement -

Фондот за иновации и технолошки развој, како институција финансирана од Светска банка, беше дел од агендата на посетата на делегацијата на Светска банка во Македонија. На состанокот одржан во инфо центарот на Фондот присуствуваа високи претставници на Светска банка, Мариам Шерман, директор за стратегии и операции за Европа и Централна Азија, Линда ван Гелдер, регионален директор за Западен Балкан, Марко Мантованели, постојан претставник на канцеларијата во Македонија, Бојана Нацева – виш специјалист за образование во канцеларијата во Македонија и Гордана Поповиќ – специјалист за приватен сектор во канцеларијата во Македонија и тим на Фондот предводен од директорот Јован Деспотовски.

На состанокот се разговараше за новиот пристап на Фондот и за целите со кои ќе се поттикне иновативноста во земјата и нејзините ефекти, како и развивање на нови инструменти, покрај веќе постоечките четири.
Како краткорочни цели беа наведени, поефикасно искористување на партнерството со Светската банка и обезбедување на поголема поддршка и разбирање од Владата на Република Македонија за иновации и технолошки развој. Како прв чекор е обезбедено зголемено финансирање за активности во нацрт-буџетот за 2018 година. А во таа насока е и лансирањето на нова линија на финансирање преку програмата за рурален развој за нови технологии во земјоделството.

- Advertisement -

Како среднорочна цел на Фондот се иновациите како дел од владината економска политика и креирање на самоодрживо финансирање на иновациите, како и новите иницијативи во образовниот сектор кои би ги поттикнале иновациите и развојот на креативно размислување.

На состанокот своја презентација имаа и корисниците на Фондот, регрутирани преку трите повици, преку првиот инструмент Дарис Инжињеринг – Петре Ристевски и Гордијан Системи -Тони Бачваровски и преку вториотинструмент Акрон – Александар Пенев и Михајло Карамика.

- Advertisement -

.

 

Сподели!
- Advertisement -