Како да станете пилот?

- Advertisement -
  • Според проценките на американската авио компанија „Боинг“ во следните 20 години ќе им бидат потребни над 533.000 пилоти, што е доволен поттик за многу млади луѓе да посегнат по овој предизвик. Интересна и атрактивна професија, со многу возбуда и адреаналин, со можност за голема заработувачка и секако привилегија да се пропатува целиот свет.

Заинтересираноста за оваа професија расте од година во година. Но, пилоти стануваат само оние што ги исполнуваат сите критериуми, односно поединци што поседуваат интелектуални способности, имаат физички предиспозиции, моторика. Вљубениците во авионите знаат какво е тоа чувство на возбуда и адреналин што ве обзема“ – изјави Борче Манев, инструктор по летање во Центарот за обука на пилоти.

Пилотската професија е комплексна работа, освен стручната обука пилотите мора да научат метеорологија, медицина, математика, физика и навигација, особено ако летаат во авио-сообраќајот. Обуката трае 18 месеци и опфаќа 350 часа теоретска настава и 180 часа летање.

- Advertisement -

Во Македонија професионалните пилоти се обучуваат во Центарот за обука на пилоти, а обуката која чини од 40.000 до 80.000 илјади евра во различни земји од Европа, во Македонија не чини ниту денар.

Она по што Центарот за обука на пилоти е специфичен е дека на едно место се спроведува теоретска настава и летање, нуди искусни предавачи и инструктори, флота од 5 авиони и 4 хелихоптери која е функционална во текот на целата година. Од својата контролна кула овој центар покрива 11 делегирани зони за летање низ цела Македонија одобрени од „Агенција за цивилно воздухопловство“ што дава погодност за организирање на летовите согласно потребите на Центарот кој има два пати повеќе полетувања и слетувања дневно од Скопскиот аеродром „Александар Велики“.

- Advertisement -

Ги повикуваме сите млади луѓе што се желни за професионален ангажман во една од топ 5 највозбудливите професии на планетата да се пријават на конкурсот “ – додава Манев.

Условите за сите заинтересирани момци и девојки се исти; мора да имаат завршено високо образование, да ги поминат тестовите за здравствена и физичка способност и да го положат тестот по англиски со минимум оценка 3, и секако да се пријавите пред да наполните 28 години

- Advertisement -

Повеќе информации за обуките и содржината на наставата на следниот линк: https://elbitsystems-mk.com/

Сподели!
- Advertisement -