Во Париз се отвори ресторан во кој можете да јадете голи

- Advertisement -

Рестораните се одлични места за попладневен бизнис ручек за да се дискутираат наредните чекори во некој проект со колеги или клиенти. Сепак, еден нов ресторан во Париз наречен O’Naturel можеби не е вистинското место за таков ручек – гостите таму можат да ја соблечат облеката и да го јадат својот оброк голи.

Како што пишува PSFK, кога некој гостин ќе влезе во ресторанот може да се соблече во соба за пресоблекување пред да влезе во делот за јадење. Љубопитните очи однадвор не можат да видат што се случува во ресторанот затоа што прозорците на O’Naturel се прекриени со непровидни завеси. Во ресторано може да седнат да јадат максимум 40 луѓе истовремено. Секој што сака да го посети овој ресторан во Париз може да го најде во 12-тиот арондисман на улицата „Ру д Гравел“.

Сподели!
- Advertisement -