Индија е најголем загадувач со сулфур диоксид во светот

- Advertisement -

Неделава во Њу Делхи загадувањето на воздухот принуди да се затворат 4.000 училишта, а сега има повеќе лоши вести за загадувањето – Индија ја надмина Кина и стана најголем загадувач со сулфур диоксид. Според едно истражување на Универзитетот Мериленд, емисијата на јаглерод диоксид во Кина е намалена за 75% во споредба со 2007 година, додека емисијата во Индија е намалена за 50% во истиот период. Сега Индија има и нјаголема емисија на сулфур диоксид од 2005 година наваму.

Како што информира Светскиот економски форум, Индија и во 2010 година беше најголем загадувач со сулфур диоксид и ги надмина САД, а минатата година стана втор најголем потрошувач на јаглен во светот. Вообичаено, 3% од тежината на јагленот отпаѓа на сулфур, а со горењето се креира сулфур диоксид, токсичен загадувач кој придонесе за кризата со смог во Лондон во 1952 година и хоспитализираше дури 150.000 луѓе.

- Advertisement -

Сепак, бројот на луѓе кои живеат во близина на големо загадување со SO2 е поголем во Кина отколку во Индија – 33 милиони луѓе во Индија наспрема 99 милиони во Кина.  Кина изминатите години агресивно се обидува да го намали загадувањето. Своите фабрики за јаглен ги изгради според повисоки стандарди и се обиде да го исфрли јагленот од употреба во домаќинствата и во индустријата, а зимава планира да загрева 4милиони домови со природен гас наместо со јаглен. Индија, пак, не прави многу на ова поле. Напротив, изминатите години градеше уште повеќе фабрики кои трошат јаглен, но, од друга страна, инвестира и во одржлива енергија.

Сподели!
- Advertisement -